арија ж.

арија (ж.)

(Свирачите прво ја свират аријата, потоа пеат прифатена од присутните.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Аријата навеваше умирање на една младост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од нив, во оваа тивка вечер, исфркнаа звуци, се распрснаа во воздухот, се разбија од калдрмата и асфалтот на уличката и се оформи тажната арија на Виолета од операта „Травијата“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека се запознавав од детаљ до детаљ за творечкиот и интимниот живот на Сметана, наеднаш низ музејските простории се разнесоа ариите од „Продадена невеста“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред очите му излегуваше таа сцена што ја виде, а во ушите продолжи да му оѕвонува нивното кикотење измешано со силните звуци на аријата што идеше од радиото и заради која тие не го чуја кога влезе во претсобјето наоѓајќи ја вратата отклучена, која таа од силна возбуда, заборавила да ја заклучи, како што тоа и со него, понекогаш од силна возбуда, заборваше да ја заклучи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Тирамис?” - во тоа се беа вљубиле пред десетина години во пријатниот геј ресторан во Ки Вест; се правеа како тоа да е наслов на некоја арија на Пучини; на подоцнежните патувања, дури и во Италија, наидуваа само на послаби верзии.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ние, децата, убаво ги паметевме сите нејзини италијански поговорки, сите италијански оперски арии кои ги потпевнуваше кришум од Татко, сите тајни во месењето на тестото, според италијанските кулинарски рецепти, сите тајни од каталогот на италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За жал со задоцнување болничките службеници сфатиле дека командантот го обеспокојувале ариите на лирскиот тенор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И постапија мудро – таткото беше оперски пејач, а помошта од еден грлат човек беше повеќе од потребна. Тој задишан влезе во собата за породување и започна гласно да пее арија од операта „Кармен“. Пееше прекрасно.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повторното пеење арии од „Кармен“ од страна на таткото не помогна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Природата ја преточи љубовта во прекрасна мелодија, арија на страстите и чувствата, возвишени ноти кои можат да ги слушнат само оние кои слушаат со срцето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Камилски се враќаше дома потпевнувајќи една арија од Верди, која обично ја потпевнуваше во радосни мигови, но најчесто во својата библиотека, крај отворените книги, особено кога ќе наидеше на мисла при читањето, којашто ќе му го огрееше срцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)