апси несв.
апсида ж.

апси (несв.)

- Слушај, народе, неразбран. Чии сте вие сведоци и зошто ме апсите?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вакви особености не можев да забележам кај мене секако затоа што бев зафатен со другите и премалку се контролирав, кај Димка, едноставното и глупаво момче и кај полугладниот, издрпан студент, апсен на првиот ден Велигден, кому зад грб му се потсмеваше дебелата жена на инспекторот, покриена со голема сламена шапка и слична на отровна печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Апсењето на стариот крпач Адам го заборавија, бракот на писарот и бабицата тромаво и еднолично течеше - без разделба и без деца, агентот не претставуваше веќе никаква новост; се заситија луѓето од него како деца од дрвена играчка, скршена и деформирана, на која ѝ се излижала бојата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не знам дали дека ме апсат или за мир и демократија во светот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Укинувањето на кривичното гонење би ја зачувало законската забрана за уживање на дрога со што веројатно донекаде би се обесхрабрила побарувачката, додека луѓето што се загрозуваат само себеси не би се апселе. Со тоа би се намалило оптоварувањето на полицијата и би се снижиле трошоците за издржување на затворот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Укинување на забраната секако не би преставувало идеално решение, но би овозможило намалување на трошокот на кривично гонење, би се окончал сѐ поголемиот број апсења и затвори, би се намалила смртноста меѓу наркоманите, искушението во кое се доведуваат малолетниците, и би се намалила големата стапка на криминалот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Само со легализација на марихуаната би преполовил денешниот број на апсења поради поседување дрога (повеќе од еден милион годишно), што би обезбедило намалување на бројот на полициските акции и концентрација на продажбата на појаки дроги. Ова секако би го пресекло важниот извор на заработувачка на криминалците.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По пучот преминува во илегала, но 1974-та ја апсат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Првата љубовна врска ја имала на шеснаесетгодишна возраст, со еден член на Партијата од шеесет години, кој подоцна извршил самоубиство за да го одбегне апсењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Шпионажата, предавствата, апсењата, измачувањата, егзекуциите, исчезнувањата никогаш нема да престанат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше невозможно, и покрај бескрајните апсења и признанија и погубувања, да се биде сигурен дека Братството не е само легенда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во својата радиограма Едмондс ќе истакне дека британските воени мисии биле постојано набљудувани од членовите на ЕАМ-ЕЛАС и на КПГ бидејќи “луѓето кои ќе се видат дека разговараат со членовите на сојузничките воени мисии или ги посетуваат нив се задржуваат и испрашуваат за причината на нивната посета или за што тие разговарале и повремено се апсат или некои протестираат и се затвораат на една или две недели“.329
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, во Скопје била примена наредбата за апсење и, штом стигнал, Шатев бил притворен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Предлогот за убиството на валијата едногласно бил прифатен било решено тоа да се стори неколку дена по атентатите, зашто, ако би било извршени порано, би можело да предизвика рации, одмазди и апсења, во кои би настрадале и некои од гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Прашан од агентот што го апсел дали тој фрлил динамит на „Алхамбра“?, одговорил: “Не на ’Алхамбра’ туку на англиската кафеана, на Банката, на мостот и на сите други места на коишто вие тоа го сакате“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сега бев двојно столчена, еднаш од предавството на Борко во животот кон мене, зашто никогаш не беше ми кажал за таа своја тајна, а сега и од неможноста да го објаснам апсењето на Симона, под обвинение, јасно, за ширење на лажни вести и непријателска пропаганда против државата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Почнаа апсењата, бележењата со жолти ленти, исфрлањето од сите служби, затворањата, одведувања на принудни работи, убивањето пленици...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А кога неговите идеолошки противници, поради навредите на Де Гол, ќе побараат од него големиот филозоф да биде уапсен, прекалениот водач и војсководител ќе истакне дека вистината, не може да се апси, колку и да биде таа горка И започнав, на само една бела страница, да ја пишувам својата вистина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Иронијата да биде поголема, во центарот на Новата лисица беше стационирана џандарска станица каде се апсеа само ситните дилерчиња кои одвреме-навреме требаше да послужат за маркетиншко политички потреби.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сѐ построго станва, има страшна пропаганда против употреба на македонскио јазик со закани, апсења, протерувања.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)