адам м.
адамов прид.

адам (м.)

- Што се случува? - Детено вели дека говорат со мајчичката божја, а чичко Адам - дека играат циркус.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Твојот Адам без тебе и без Ева лута му остана само крвта за да им пали кандила на боговите може ќе ти пораснат нови раце никојпат не сум се родил заедно да се родиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Потребата постојано да кажуваш вистина е примитивна. Писмен си. Поради тој грев Адам и Ева се истерани од рајот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А твоите волци најпрвин биле намножени, потоа останале само волк и волчица, забести Адам и Ева со опашки.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ех, небитница, како ќе ви кажам ... Кажи им, му довикнал оној бабуњосан Адам Лесновец и веќе самиот раскажувал: - Штипскиот бег Кара-Мурат сосила ни ги зеде камењата пред три дни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)