Париз име.

Париз (име.)

Да си в Париз, да си така сам и самота така да те кине...
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Господин Жан Мартин ги знае келнерите. Во Париз тие се побезчувствителни и од полицијата. Мошне арно ги знае.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некогаш, негде, можеби во Виена, или во Прага, или во Париз, се стрмоглавил од трапез или од жица или од ѕвезди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од ваква старомодна шега во Париз не се засмејуваат ни бронзените морски деца од мостот изграден преку Сена во чест на некогашниот руски император.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Веднаш се гледа дека вашиот пријател малку живеел во Париз.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Париз `ржи ранет, Варшава до појас в гроб и го копа гробот на смртта, Прага се грчи в мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој знаеше дека постои тајна организација, но знаеше дека има и друга сорта арамии за пари, та ја поостри будноста да ја запази имовината на своите чорбаџии од Рим и Париз.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Размислував дали да одам на југ на брод за Америка или на север кон Франција. И Франција победи. Париз е Париз.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И затоа сиот Париз, оној работен Париз, го користи метрото како најбрзо и релативно најевтино превозно средство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Монмартр“, со неговата знаменитост црквата „Секр Кер“, можеби е еден од најпривлечните места во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Париз, јули 1972 год.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денес, добри мои, фалбаџиите се фалат со убав, скап автомобил, со скапи јадења со неразбирливи имиња, со лет преку океанот, со клавирот што им го купиле за роденден, со најнов тип на „сеико“ часовник, со супер скијачка опрема, со купувања во Солун, Трст, Париз, Лондон...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На Французите им дојде курва дури од Париз, велат, некоја редоселка со голи нозе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Двајцата заедно учеле во Париз.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Татко му, некој сапунџија, имал фабрика за сапун, го пратил во Париз за да учи за лекар, ама кога му кажале оти син му по дипломирањето отишол во Шпанија, се откажал од него преку весник. Пезевенк човек. Пфу!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А образован човек, со два факултета, фармацевтски и медицински, во Париз и во Берлин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некаде од Прилеп али од Битола, каде што живееја неговите подалечни сродници и каде што и сам имаше куќи и хотели или од Солун, од Софија, од Загреб, од Берлин, од Париз, од Лондон, каде што бил да ака, рано напролет, заедно со ластовичките, туку и тој ќе долеташе на Имотот и ќе довлечкаше со себе и една секогаш различна, но секогаш ситна и црномуреста граѓанка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе си почека; оние што не се Балканци, во Париз, во Виена или во Петроград, сеедно во кој град и во која земја, немаат смисла за својата сегашност штом се загрижени за иднината на некои земји со полудиви луѓе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И објасни дека такви кафе-театри имало во Париз.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе