џбара несв.

џбара (несв.)

Ме џбара со прстите и ме собува. Така е кога немаш рок за сакање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да не допрел вресокот на Милка до неа, како да се буди од длабок сон, ги оптегнува нозете, рацете го џбарат веленцето, се чепчат за него, го поттргнуват нагоре и тие се откриваат со сиот блесок до над колената.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Влезе во вирот како во леѓен, барајќи со стапалата рамен, а не остар камен, па во водата до над колената почна да џбара со рацете до лактовите во брановите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го слушашеше како џбара низ фиоките по нож, како ја бара штицата за сечкање кромид, како се чуди со што да ја исцеди половинката лимон - но не му помагаше, да види дали ќе се снајде.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)