јаваш прил.
јавашлак м.

јаваш (прил.)

Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Така и Марко, не знаејќи колку му е сличен, седнуваше на привечер, пред да го замандали дуќанот во Скопје, седнуваше сам крај своите ибрици и синии што ги беше направил, покроце и на јаваш да прими малку од огревањето на нивниот матен сјај.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во османското време на Балканот, а и пошироко, ексцесивното ајде било неутрализирано со неизбежното јаваш, па потоа ајде дејствувало на јаваш, и така се одржувал можниот ритам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборовите беа: 1. ајде 2. јаваш 3. табиет 3. милет 4. капиџик 5. комшија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ајде и јаваш, претставени во синтагмата ајде, ајде јаваш, јаваш (во еден од преводите побрзај, побрзај полека, полека), му послужија на Татко за своевидна филозофска спекулација, која му ја разви на зачудениот Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)