ѕвекне (св.)

На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици. Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Очигледно, човекот не влегува во кола мислејќи: „Одам да се ѕвекнам од некое дрво“, но желбата е тука, зарем не, а тоа и самиот сум го забележал, во повеќе наврати, посебно кај хирурзите, отмените луѓе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дуќанчињата полни стока, а Атанас Бамбо само ги пика рацете в џеб и ги вади, пикни извади, празно. Не ѕвекнува пара.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не стигна ниту до крај да се израдува на снегот на тротоарот што се топеше под врелината на неговите стапки, кога почувствува дека нешто го ѕвекна по главата. Изгуби свест.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Извичникот го ѕвекна плочникот бидејќи паѓаше од висина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)