шапка ж.
шапкар м.

шапка (ж.)

Со детска волнена шапка на глава, издолжен штрковски и призрачно зелен, кон нас чекореше Пенчо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пред мостот стоеше висок сообраќаец со бели нараквици и тврда шапка над очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вакви особености не можев да забележам кај мене секако затоа што бев зафатен со другите и премалку се контролирав, кај Димка, едноставното и глупаво момче и кај полугладниот, издрпан студент, апсен на првиот ден Велигден, кому зад грб му се потсмеваше дебелата жена на инспекторот, покриена со голема сламена шапка и слична на отровна печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А Бисера, колку го виде оти ја симна шапката и почна да се крсти, избега и не се обѕрнува назад, оти поп кога колне не треба да го гледаш: макар и другото да колне, клетвите го фаќаат тој што е крај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стаклото на чашите оддалечено ѕвонеше. Слушаше: „Салут на добротворите со петлови перца на шапките. Почит на дивните тенори и мамамии.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој има сламена шапка со црвен раб, но нема крава, црвено-бела крава, блага и топла како мајчицата господова.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сипаничавиот ги плати своите ракии, ги покри очите со стара војничка шапка и излезе оставајќи зад себе една празнина повеќе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кажи сам - нели се откажав од леки боксерски чевли заради таа сламена шапка со црвен раб, кажи сам?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Недалеку од нив еден ситноглав и беззаб старец со сламена шапка и матна болка на сувите, пропаднати образи, милуваше на своите коленици ранета грлица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ХРИСТОВ: (За сето време гледа в земја и ја тутка во рацете својата шапка.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ХРИСТОВ: (Покорно се облекува. Ја зема шапката и едно време се чини, така изгубен ќе излезе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Од темната улица испливуваат: широкополна сламена шапка и монокл врз пасторовото лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едниот е со широкополна сламена шапка, која се дига еден лакот над црната шапка на другиот, дебеличок, со пасторска наметка врз плеќите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Главатарот ми понуди половина државно богатство (еден стар клуч, две празни конзервени кутии, една сламена шапка и неколку шарени парчиња стакло) ако го развеселам Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Зајак со шапка, - рече. - И елен со чизма.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тие еднаш изедоа дури и шапка од козја кожа.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Потоа Димче помисли: „Сега нека дувне ветер и нека му ја однесе шапката на оној дедо!“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кутрото старче трчаше безнадежно по својата шапка, а злобниот Димче се смееше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Да му се врати шапката на дедото!“ - помисли веднаш потоа, но ни шапката на дедото не се врати.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе