шанса ж.

шанса (ж.)

Барав шанса и не удирав фолови, тоа беше сѐ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
(Откако ќе се обѕрне околу себе, со шепот.) Сигурно знам дека оваа акција му е доверена како последна шанса да се искупи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се ловеа тие целиот тој ден, никој од нив не можеше да рече дека не му се дадоа сите шанси, такви имаше и едниот и другиот од нив, а сепак, сето тоа мораше да заврши вака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги имаа своите шанси и сторија сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Право во Франција! Ова беше шанса за Љакета: - Како да не.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
КАЈМАКАМОТ: Напротив, очекувам да играте како да имате шанса да добиете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
САРА: Кога јас, господине Андреевиќ, би се однесувала онака како што вие од мене очекувате да се однесувам вие, прво, не би биле овде и, второ, би немале теоретски шанси да ме однесете в кревет.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Имаше тепање, улогата му даваше шанса пред сите на мртво да го претепа ранетиот партизан, Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Шансите да го најдеме, ако тргнеме да го бараме низ градов, ни се еднакви на оние што би ги имале кога би решиле да бараме игла во стог сено, - заклучи тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми беше јасно дека немам никакви шанси во тој момент да разговарам со неа за случката со дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Само најмудрите – запишал нивниот doctor mirabilis – оние што знаат значењето на орелот, еленот, змијата, фениксот, на суштествата што го обновуваат животот со моќта на билките и карпите, само тие имаат шанса да го сочинат чудесниот Еликсир, во чија делотворност нѐ убедуваат писмата од Папата што сведочат за прататковската старост на одделни Тиријци, како и 223-те лета што ги преживеа отецот Силвестер, од кого се чува свежата мумија во снежниот храм на врвот од планината“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се фати за мене како за последна шанса. Што ќе ја врати кон стварноста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И шанса, барем за ден, барем за час, да ја испереме од себе заканувачката индиго инфицираност од колективното и еднонасочно восприемање на „нештата што живот значат“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но тоа не значи и дека се намалуваат шансите на поединецот да ѝ се измолкне на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имам една женска во Њу Орлеанс, ме чека. Дајте ѝ шанса на младината.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Единствената шанса за опстанок на подземната култура е нејзиното распрскување, максимално разгранување, бидејќи едноставно е невозможно спротивставувањето на технолошкиот бран што надоаѓа.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И мрзливоста, незаинтересираноста, се всушност само тивко издигнување, во срцата, на овој енигматски удел којшто го уништува секој проект и дава наредба на секоја работа да ѝ се остави шанса за неуспех. (стр. 270)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најпровокативен во оваа глава е поднасловот “постмодерната ситуација на идеологијата”, особено уште претходно најавената теза, дека “ во еден постмодерен, ‘раскинат’ свет со сѐ поголемо забрзување, има помалку шанси за остварувањето на идеологијата”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нашиот соговорник не е од оние писатели кои би флертувале со философски приказни, барајќи во нив паразитска шанса за личен прилог.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се сеќавам како тој ден се сетив: сега се Маргарита и Ана, но една недела пред тоа беа Паула и Офелија, сината девојка се симна на една од најлошите станици, на Монпарнас-Бјенвени која на најголемите шанси за пораз им ја отвора својата смрдлива хидра.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе