чичко м.

чичко (м.)

Не се исплашив. За „горниот“ го сметав чичко Адама, стариот глув крпач на чевли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во темниот празен квадрат стои подгрбавена страшно долгата фигура на чичко ми.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Што се случува? - Детено вели дека говорат со мајчичката божја, а чичко Адам - дека играат циркус.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Си дојде ли чичко Јован? — праша таа и го запре здивот да го дочека одговорот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но си даваше гајрет со тоа што: ако беше сиромашко, добро — ќе си го земат домазет на малиот од чичка ѝ Трајка, според првиот план; ако е некое чорбаџиско — ќе му ја дадат таму — на добро место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шо велите вие на вој збор? Сите четворица запреа да дишат, само Нешка ги тропкаше гровчињата на крстот и весело пискаше, смеејќи се и вртејќи се на сите страни, небарем сакаше да се пофали: што подарок ѝ донесе чичко ѝ Трајко!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш се замеша Трајанка: - Чичко, ако сакаш да знаеш, тој што е газда не си ги пасе воловите самиот!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Само ќе се лутат кога другите деца ќе плачат. - Чичко...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Чичко. Ако сакаш, ќе ти донесам желка. Можам и рак да ти фатам. - Оди си, ти велам. Не додевај.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Чичко... - Што е? - Пушти го Белча. Човекот пак само очите ги врти кон него; лицето му е спокојно, светечки благо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Девојчето ја гледаше десетдинарката со којшто тргнало да си купи бонбони, размислуваше, но најсетне ја подаде: „Дај ми ја, чичко, црвената!“ - рече.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Најпосле, меѓу своите братучеди и чичковци ни Претседателот не можеше да изнајде погоден човек за тоа место, а беше добро и заради светот еден од бригадирите да не биде од неговата порода, тоа Претседателот го знаеше многу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега тоа старче си имаше и нова куќа, како и сите други бригадири, како сите братучеди и чичковци на Претседателот, а во секоја соба и тоа имаше по еден персиски килим, по еден од оние, што ги ткаеја девојките од нивното село во текстилната бригада на Задругата, никаде непрокнижен, напросто земен и однесен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А, ќе го боли ли, чичко? - О, него многу ќе го боли, зашто е Мече.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Па, се разбира, чичко, кога ќе пораснам.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Не! – го запира Лидија. – Јас сѐ ќе избришам, чичко. Ви ветувам. Сигурно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Јас ќе ти ја покажам, чичко, - викна едно малечко босоного дете и се одвои од другарчињата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Хохохо! - се изнасмеа чичко Лозан чукајќи ме по рамења.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дрвената порта кај чичко Талета беше отворена.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во дворот чичко Петре долго му ја стискаше раката бришејќи ги очите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе