хорски прид.

хорски (прид.)

БОРИС: Не се разбираме. МАТЕЈ: Не. (Пауза) БОРИС: Алал вера. (Пауза) Мене цел живот ми помина како да сум во хор што пее некоја важна хорска песна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Мамо, - ѝ се доверив, - јас еднаш, божем случајно, кога стоев крај неа на хорската проба, ја допрев со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Училницата оѕвиваше: се креваше и се спушташе хорскиот глас на курсистите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Како целата држава, мојата слатка мала Хрватска да се претворила во училишен хор и секој ден послушно вежба хорско пеење. А диригентот е, се знае...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Околу нив жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Не, не. Овде ни се состануваат кружоци: хорски, драмски, ликовни уметности и музички...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Брат ми Ристо и сестра ми Лена заедно со снаата имаа маса негде во задниот дел на салата, а ние учениците ги забавувавме гостите со рецитации и хорски песни.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
По извесно време, по далги од убојна тишина и облаци прашина, во миг кога командантот се ежел и кострежел да го сотре и докрајчи Нуне Волта, да ја фрли и изгази, смеле и дотолчи пред сите и на туѓите и на своите, неговата „Пакс-верс теорија“, некаде од длабочината на фронтот, од непријателската страна, се зачуло далечно хорско исполнение на стихови. Стиховите станувале сѐ поблиски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ервехе си го најде местото меѓу ученичките чие хорско пеење допирало од блиската училница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)