хипноза ж.

хипноза (ж.)

Но, ја отфрлив таа идеја мислејќи дека жената полошо ќе пука под дејство на хипноза”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хипнозата во ограничената формална смисла е еден посебен случај на наведување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Наскоро бев во состојба да го индуцирам вообичаениот феномен на транс со стандардни методи и применував хипноза во терапијата со пациенти првите години по дипломирањето, во армијата и во Глазгов.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И тогаш, под хипноза на сонот, малите рудари станаа од сламата на која спиеја, но не ги зедоа копачите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Денешниот научник е или мешавина од психолог и инквизитор, кој до најситни детали го истражува значењето на изразите на лицето, на гестовите, на тонот, на гласот и на ефектот на дрогите во шок-терапијата, хипнозата и во физичката тортура заради извлекување на вистината; или пак е хемичар, физичар или биолог, заинтересиран само за оние гранки од својата специјалност кои се во врска со одземањето на животи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше врв на суптилноста: свесно да предизвикаш несовесност, а потоа, уште еднаш, да станеш несвесен за чинот на хипнозата што самиот штотуку си го извршил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од кината излегува маса подложна на гмечење и на масовна хипноза.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Сѐ што ми треба е хипноза. Онаа засладувачка материја која те крева до облаците.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не беше тоа ниту хипноза, беше некаков вид визија за која не постојат докази, освен чувството кое останува после голема воодушевеност, како на дете кое за прв пат ја здогледува Ајфеловата кула, или водопадите на Нијагара.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се гледаше дека човекот има голема моќ после тоа чувство на хипноза.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)