текстил м.
текстилен прид.

текстил (м.)

- Кај се купува денеска текстил, огин е...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па сепак, ограничениот луксуз што го ужива тој - неговиот голем стан на убаво место, поквалитетниот текстил на неговата облека, подобриот квалитет на неговата храна, пијалак и тутун, неговите двајца или тројца прислужници, неговиот приватен автомобил или хеликоптер - го ставаат во свет различен од оној на еден член на Надворешната партија, а членовите на Надворешната партија уживаат слични предности во споредба со угнетените маси што ние ги нарекуваме „ пролови“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се изживуваше така цел час, и јас куртулив само затоа што по телефон му се јави чистачката и му соопшти (слушалката на телефонот беше многу силна и тој, колку и да ја притискаше до увото, не можеше да го сокрие разговорот) дека се дојдени некои муштерии кои би сакале да купат некаков текстил од оној што тој го шверцува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кога ѝ даде на Маре точкици за текстил, таа беше во облаци па веднаш се согласи да се регистрира со него во новиот фустан.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Едно парче текстил висеше заборавено на балкончето, како знаме што ги изгубило веќе и боите и припадноста.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На периферијата од градот, северозападно од Метрополата, во Дренок, Ниротакис имаше фабрика за текстил (таа беше специјализиран оддел што ги опслужуваше неговите фабрики во Пробиштип и Виница), а Авни својот бизнис го тераше во златарата “Карат”, впечатлива по мермерната фасада, во непосредна близина на фонтаната “Ангел”, во центарот на Старата чаршија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вилата на Ниротакис беше во непосредна близина на неговата фабрика за текстил во Дренок; по неколку метра од оградата на фабриката требаше да се мине стилизираниот железен мост преку реката и веднаш, на аголот од левата страна на мостот, се простираше убавото здание среде густ овоштарник обрабен по страните со два реда лозници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој период во Македонија имаше барем 16 фирми кои се занимаваа со производство на текстил.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
16 Согласно чл. 4 од Законот за измена на Законот за минимална плата во Република Македонија (бр. 30/14) минималната плата за 2015 година ќе изнесува 9.590 денари во нето износ, освен за одделите производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа чија висина ќе изнесува 8.050 денари во нето износ, измена која уште еднаш го потврдува дискриминаторскиот карактер на законот кон работниците во овие индустриски гранки.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)