тежнее несв.
тежнеење ср.

тежнее (несв.)

Дело ограничено со една тромава естетика, производ на една уметност на најмало напрегнување, творба на една епоха на низок водостој и слаб проток, што би била состојбата во која се најдоа уметноста и естетиката во вторава половина на дваесетиот век; тоа дело го претставува одговорот на уметникот на оној став на публиката кој тежнее еден Лоеонардов портрет да биде преобразен во „ла Gioconda” - т.е., во нешто повеќе од едно дело, во некакво над- дело, во едно пренапрегнато дело, мит, амблем на секое уметничко дело - толку упорно присутна во своето самољубие, што и кога веќе не ја гледаме, нејзината насмевка, што наликува на насмевката на Carrol-овата мачка, не престанува да нѐ прогонува, дури ни тогаш кога сликата исчезнала.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не ли е играта исполнување на ритуалот што тежнее кон конечното воспоставување на целината? 68
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Наизглед безусловно прифатен, нему му се ускратува било каков маневарски простор, прилика да избега, му се забранува оригиналноста и тој станува фатен во стапицата на својата различност; верувајќи дека од апстрактен се дошло до вистински човек, помеѓу личноста и колективитетот се укинува онаа игра во која просветителската антропологија не само што не чепкаше туку тежнееше да ја зацврсти; во име на алтруизам, Другиот се претвора во хомоген блок, па на тој ентитет му се жртвуваат останатите во нивната индивидуална стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дишејќи го истиот воздух како и другите членови на неговото племе, раѓајќи се како било кој друг човек во еден историски и расцепкан свет, уметникот не може да тежнее кон некакво моментално пристапување кон универзалното.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со изборот на пазар кој едновремено се движи кон центарот на самоконституцијата, социјалната интегра­ција и системската репродукција, пазарните стандарди тежнеат кон тоа да доминираат над моралната одговорност или да ја заменат, а една од последиците е губењето на одговорноста за оддалечениот странец - без оглед дали тој се јавува во ликот на денешните сиромаси или во идните генерации.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Всушност тоа го одредува основното двоумење: сопственото јас тежнее да се вкорени и отелотвори, па сепак тоа постојано се плаши да пушти корени во телото, бидејќи на тој начин би било изложено на напади и опасности од коишто не би можело да избега.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бидејќи, демократијата и пазарот сметаат на движењето, и едната и другиот тежнеат кон тоа да ни ги стават на располагање предмети­те за комуникација и движење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уметникот тежнее кон чудо, сликарот посакува неговите слики да излезат од платното, надвор од сликата и една пукнатина е доволна за пандемониумот да се лизне низ неа. 104 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Слугата тежнее да биде психолог! Потенцијален јогиски мудрец!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постмодернистичкиот дизајн не би требал да тежнее кон вонвременското, нему му е допуштено да биде ефемерен и условен од ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ние живееме во култура која тежнее секому од нас да му ја пренесе одговорноста за својот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Традицијата секогаш тежнее кон потполна, апсолутна смисла, којашто важи од еден до следниот момент, па во вечност, кон смисла дефинитивно отелотворена во една мисла, во еден настан, кон смисла окарактеризирана со потполното насочување кон себе, без какво било залудно растурање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Целокупната таква политика водела кон единствен „природен“ заклучок, имено, дека тие „повторно ќе почнат да тежнеат кон предоминантно влијание на Балканот“ и дека тоа ќе се обидат да го постигнат со истите средства како и претходно, „работејќи на формирање влади кои ќе ѝ бидат потчинети на Русија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сѐ тежнее кон откривање на тоа симпатично разнолико чувство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Убаво е во животот кога тежнееш кон нешто и имаш пред себе цели, па си исполнет, реалноста и мечтаењето се испреплетуваат и не постои никаква граница меѓу нив.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Живее по навика или стекната инерција. Тежнее кон умирање.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И пак тежнеат клепките, за миг затвора очи и одеднаш си помисли дека во чистиот кревет легна сосе војничките цокули.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)