ставање ср.

ставање (ср.)

Чуден човек си бил!... Само за ставање мераци!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога дојде софрата за ставање, Доста стана, го зеде ѓумот и леанот од под ковчег, и, ни пет ни шест, по сиот домаќински ред и адет им тури вода на рацете на машките, ја зеде софрата; а да не поткрева веднаш во ноќвите, ѝ вели на Митра, која тукушто ја извади тавата од оганот: — Дај ми а, сестрице Митро, тавата, отвори го ковчегот и клади леб на синиата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги советува луѓето, по ставањето на грозјето, шест недели да не го пијат виното, зашто тоа е во тој период уште „леунка“ и не е за пиење - боледува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со ставањето на уживателите под лекарска контрола, слоеви на населението , би применувала други стратегии овој систем би ги деградирал.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За било кој друг уметник, ваквиот гест лесно би можеле да го пренебрегнеме, но како што знаеме, три години подоцна Дишан ќе почне со трансформација на обичните секојдневни предмети само со обично ставање на својот потпис на нив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Интеракцијата помеѓу компјутерот и човекот се одигрува без ставање во погон на телото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овие „работи” се чини дека се оние движења низ кои поминуваме правејќи ги нештата што ги именуваме како: станување од кревет, облекување, вршење нужда, откопчување и закопчување, миење раце и лице, бричење, миење заби, чешлање коса, одење, седнување, подигнување чаша, сечење парче леб, мачкање на леб, ставање во уста, голтање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Изградбата на црквата, ставањето на два крста, садењето на дрвото, претставувањето себе си како човек благороден, со добрина во срцето... Боже, ова толку многу се повторува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Непредвидено, настана еден проблем кој се однесуваше на ставањето на водомери. Сите избегнуваа за тоа да зборуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поради сево ова, на многумина хетеросексуалци што се дават во брачните води хомосексуалниот мерак по брак им изгледа како ставање трн во здрава нога.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
2. Од збор до зло-дело Се згрозив, Бела Троице18живата реч ја сведов на зашеметен шум зелен страв и црн смев иронија алегорија карикатура убавото го нагрдив оти видов на секоја педа од домот мој похота по туѓ имот стрвност по стихијност ставање рецки на почеток и крај во историјата (за да може да се викне „мое“ и да се потегне!) оти видов луѓе се насладуваат во јадот на ближниот се ситат ненаситно еда просто ситење својствено човеку створу божјему, ѕверу, укору! оти очите ми претекоа од гледање зборот ми се преврте наопаку - опак камшик очигледен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ставањето фасада е трошење енергија, животот е краток за да го живееме со лажна престава за себе, пред себе и пред животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Британците биле свесни дека советскиот експанзионизам, започнат во годините пред почеткот на Втората светска војна со потпишувањето на договорот меѓу нацистичка Германија и СССР, ќе продолжи со ставање под своја контрола на балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Да му го плати на чизмарот стариот долг за ставање нови главички кон старите голеници, па требаше да се нарачаат кај шивачката три нови кошули, па едно две рала долни алишта, кои е непристојно да се спомнуваат во печатен текст,  со еден збор, сите пари мораа да бидат потрошени докрај; и кога директорот би бил толку милосрден, па наместо четириесетте рубли награда да определи четириесет и пет или педесет, и тогаш ќе остане само дребулија, која во шинелскиот капитал ќе биде само капка в море.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)