светли (несв.)

Ги осветлуваат само светлечките куршуми на митралеските и автоматските рафали.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Почнав од првата ѕвезда. Ја впив во зеницата, и таа, светлечки гулаб, затрепери, ги рашири крилјата, потоа се нурна кон мене. Ги заклопив очите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Низ асфалтот на опустениот Град прелетуваа само рамномерните блесоци на светлечките реклами.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Евтин хотел. Ноќ. Од прозорецот се гледа светло од светлечки реклами.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Мошне брзиот пад на електричното полнење би предизвикал електрично празнење: иглата би се однесувала како светлечка шипка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Додека светлеа златно-префарбаните столици во реновираната слаткарница, претпоставував се зборуваше за дострели и натпреварувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Веста за големата победа во Атина стигна по радиоврска, но неа цела ноќ ја вестеа истрели со светлетчки куршуми кои се пренесуваат од рид до рид, од град до град, сѐ до Атина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)