самост (ж.)

„Слободен си ти само во себеси, во својата самост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зборуваше тој тогаш со својата љубов, што најблиску ја почувствува кога треба од неа да се проштава и да се помирува со старечка самост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пред тие кални дворови и наврнати копи човек посилно ја чувствува самоста и станува мрачен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го искористувам моментот на самоста да запловам во фантазија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)