самар м.

самар (м.)

Самарот е за магаре, а за ат треба седло шиклосано.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Поарно самар на грбот да си ставам. Таа да ми влезе во куќава!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Арно ама, едно мисли Митра, друго мисли Доста: „Браче Трајка го трна од Митра. Сега треба неа да а одалеча од него да не го соблазнуа, та еден ден да му се накриви самарот, да помини во нејзин табур.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе му кладат самар на добитче, првниот товар дрва ќе го разделат „за здравје“ на комшиите, а кога првин ќе меси девојче буле, ќе го разделат исто за здравје, по комшиските деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ми се настрани самарот — мажот со мене, децата за рака ќе си се дела, ако сака прескакулица нека игра со нејното“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не давајќи глас од себе, го извади самарот од зад лежиштето и појде со момчињата кон стајата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Патуваше Змејко со својот Чилко едно цело претпладне пат под дрвјата, често му слегуваше на коњот и го оставаше да го призачека, додека тој одеше да присобере уште некоја од црвените шумски јаготки, што зрееја по лединките крај патот, а после тој пак му скокнуваше на самарот и продолжуваше да го патува своето спокојно летно претпладневно патување под зелените крошни на високите буки, под синото небо, ишарано со бели ретки облаци...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа светилката ја симнува на самарот и шета по него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тетка Анѓа потскокнува на самарот, се тресе под мишките, а ние зад магарето замавнуваме со стапови и го тераме што побрзо да оди.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Бре, прибери си ги кучињата! Ќе нѐ искинат! - извика чичко Анѓеле, ја истргна ластегарката од самарот на коњот и почна да мава.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На самарот од шарениот коњ стоеше голем и тежок боздоган.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Јајцата ги смести во едно кошниче со слама, а шишето го кладе во торбиче и го обеси на самарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се премислија кога веднаш по него се зададе друг човек како води магаре без самар.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не размислувајќи многу, се качи на таванот, превртуваше штици, стари косила, вили, распаднати самари, лопати, искршени грнци. Ја бараше скриената пушка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се собраа сите потерни одделенија во Полчишта, се врши иследување и се установи, дека тој што побегна е Толе од Крушевица, мајстор на качиња, букари, самари, ама тие — полчиштани не знаеле дека тој е арамија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие ги зедоа пушките на готово и се загнаа кон патот каде што лаеја пците. Не помина ни петдесет минути, по патчето откаде што дојде дедот Јован, се вратија војниците со еден селанец пред нив, кој си водеше маска со две торби и секира на самарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оглавите и самарите на нивните коњи беа украсени со поинакви монистра и везени веленца.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дали му го занишавте самарот на коњот откако ја слегов ге невестата, вели, и дали го натуривте со вино самарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На самарот има дисаѓи полни со лепчиња, со кравајчиња, со поскури.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе појдам на нива и скришум ќе ставам едно снопче во седелјето од магарето. На самарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе