рипка ж.
рипкање ср.

рипка (ж.)

Во базенот пливаа разни чешити рипки и тие се насобраа да ги гледаат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но бргу разбира: плашиците им се најсаканите рипки на месните луѓе. Особено во зимските месеци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овие рипки можат да се видат на сите трпези. Богатите ги пржат или печат јадејќи ги како мезе со вино.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А ако се случеше да фати риба, ќе ја откачеше од јадицата, ќе ја погалеше по блескавите мазни крлушки и ќе ја пуштеше зборувајќи ѝ: - Пливај си слободно, рипке!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Другиот ден сите тројца беа убедени дека на рипката нешто ѝ недостасува.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Зад него, на брегот, неколку навивачи, еден во капечки костим, друг во избледена маица без ракави и куси пантолони, третиот актер со минималната чивава, сите со запалени цигари; две фрлени уловени рипки, едната претка, но млитаво, околу другата, неподвижна, се одомаќиле оси.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Жената, меѓутоа, клекнува пред еден трупец, ако не за колење петли барем за цепење дрва, па прво со ножот ја распорува кратко по мевот и ја чисти од сиромашната внатрешност, па потоа со рендето ѝ ги струже перките што летаат наоколу како искри од белутрак. Така, една по друга, сите рипки како изглодани кочанки пченка, сега мирни под мишка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја плашеше со брзата рипка што можеше и овде да сврати.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Златната рипка нека трча и понатаму низ модрата река.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Оној што сиот свој живот го помина на брегов во потрага по златната рипка.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Затоа ја држиш близу себе рипката што се нашла.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во мигот кога една рипка, борејќи се за воздух, излезе со главата над водата, ѕуницата се претвори во кружница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И почна да плива како рипка витка, во синото море го престигна Боре.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Рипка мала во стаклена топка, познава љубов, рака што ја храни, весело трепери во далгите мали.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Наутро оние на чиишто чаршафи се нашле најголеми дамки ги послужуваат со чорба од златни рипки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)