ривал (м.)

Мислеше на Јана и не беше веќе бесен на Ивана со врелина прашувајќи се зошто луѓето стануваат рамнодушни кон своите ривали и зошто ноќе имаат разбирање за нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Никој не ја гледаше, ни нејзиниот пар, ни нејзиниот ривал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури по цела една деценија исполнета со национални војни, граѓански војни, револуции и контрареволуции во сите делови на светот, Ангсоц и неговите ривали се појавија како целосно оформени политички теории.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Планот е, со комбинација на борби, пазарења и временски добро темпирани предавнички напади, да се обезбеди еден прстен од бази што целосно ќе ја опкружува едната или другата ривалска држава, а потоа да се потпише пакт за пријателство со тој противник и да се остане во мир со него доволно долго, за да престане да биде сомничав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неодамна вечераа во престижниот ресторан „Академија“ во Атина. Тука, двајцата ривали, авторот и Стефанос, ѝ беа гости. „Едо, ова е Стафанос!“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)