реципроцитет м.

реципроцитет (м.)

Прво, актуелното негирање на фактот дека уметничката креативност во Британија (посебно во Лондон) беше процес на реципроцитет и борба помеѓу уметниците од многу националности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И, обратно - но реципроцитетот не е симетрија - најнапред затоа што не постојат никакви неутрални мерки, никакви заеднички мерки* што би ги нудел некој трет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Одреден исклучок во поглед на квотите е направен за државјаните на Европската Унија, кои имаат право да засновааат работен однос во РМ надвор од определените квоти, доколку со меѓународен договор се обезбеди реципроцитет во смисла на слободен пристап на пазарот на трудот (чл. 3 и 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А можеби ова е само нешто што како материјал ти треба за кога одиш на нечиј погреб да се потсетиш колку да плачеш, нели, според тоа колку тие некои плачеле кај твојот близок на закопот! Заради реципроцитет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па, нели постоеше реципроцитет? Дека давањето еден ден ќе ти се врати, поврзано со она: „Ќе ожнееш колку што си посеал“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ова му доаѓа како реципроцитет, бидејќи ти веќе го запозна мојот татко. - се насмеа Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За документирањето и реципроцитетот „Поглед кон камерата!“ „Ајде, насмевка… клик... и наздравје!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)