ректор м.

ректор (м.)

Робер Мале, писател, ректор на Сорбона Овој сказ, во облик на апологија, ја илустрира верноста кон традициите кои означиле еден народ наспроти дехуманизираната идеологија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се сеќавав во тие мигови на случајот на Мигел Унамуно, славниот ректор од Саламанка, кога на една слава во времето на фашизмот, на хистеричните повици на Франковите војници да живее смртта, со нему својствена храброст ќе истапи со познатите зборови дека има мигови кога молчењето може да биде лага, спротивставувајќи се на извиците за смртта со повиците за живот, во неговата осуда на фашизмот и франкизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)