ревидира св. и несв.

ревидира (св. и несв.)

Како резултат, нашите конструкти се подложени на постојани адаптации со тоа што се ревидираат под влијание на искуството.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Неговиот советник Krzysztof Lenk го ревидирал неговото напредување секоја недела низ рецензии, сé додека една недела не признал дека Frere-Jones отишол толку далеку што тој веќе не може да му биде од никаква корист.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Личните интереси и политичките комбинаторики на големите сили требало да се прилагодат кон придонесот на воените успеси на НОВ и ПОЈ против силите на Оската и да го ревидираат својот став кон НОД.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Само што ќе го наслушнете внатрешниот Глас алхемијата на домот веднаш тргнувате ни риби, ни змии на далечен пат, само вам знајниот Млечен пат од слатки и солени води на деноноќни бесони патешествија во кои го составувате едниот крај на светот со другиот па повеќе не е јасно дали егзилот е траума или радост на преселбите да се биде и таму, и ваму од светот да се направи меѓусвет секогаш да недостасува нешто суштествено од едно и едно да се направат три носталгијата да биде дискретна смисла на опстанокот која ревидира сѐ и повторно ги дефинира и селидбите, и враќањата и татковината, и туѓината!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јасер Арафат како ретко кој друг успеа да ја ревидира судбината на својот палестински народ, да го обедини на патиштата на слободата по вековниот егзил и самиот да стане маченик на враќањето во Палестина, историска жртва, фатен во подготвената стапица од јастребот Шарон!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)