рафиниран (прид.)

Трема (1950), означуваше враќање кон рафинираниот англиски филм на таинственост и злостор; возбудлив филм што Хичкок не го сака бидејќи смета дека во него улогите се погрешно поделени, што веројатно е точно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
2. Широка душа Нека биде тивко кога ќе наидат снегулките рафинирани небаре жени по меандрите низ аглите, низ алгите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сокриена сензуалност Рафинирана еруптивност Во звуците на една џез мелодија Се раѓа, умира и воскреснува Сака да направи пресврт Во животите на оние како нас Кои зачмаеле во монотонија Во меланхолија Во безидејност Во безцел Во бездејство Во безумие Во безбоштво Во бесмисленост Во безживотност Во бессознание Во бескрупулозност Секој во својата несовршеност Продолжува да верува дека Работи Создава Љуби Постои Зачекорен со наведната глава Не подзапирајќи ни за момент Да се запраша Да погледне Да спознае Една вистина Која не толку длабоко сокриена Искрено чека да ни погледне в очи 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)