распраша св.

распраша (св.)

Втасаа и другите аскери, та и чаушот; го распраша кај оди, и кога чаушот го позна кој е, го пушти со заповед да се враќа побргу, да не замркне во планината или да не ги најде комитите, та и тој да стане комита.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Се распрашаа, се распитаа еден со друг како гостин и домаќин.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите – терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден – и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да ти кажам право, не се распрашав повеќе, зашто и самиот го знаеш каков е.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нѐ распраша за сѐ подробно и нервозно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да се однесе главата кај трупот! — намуртено нареди бимбашијата и се распраша колку души паднаа; има ли паднато некој од аскерите, куртули ли некој од комитите...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тоа „распрашан" значеше да изеде сто оки ќотек.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се распраша кој прима на работа во рудникот и доби упатство, та отиде во камената зграда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Тешко е, не велам, - продолжуваше тетка Рајна, со две деца ретко некоја ќе се нафати да ги гледа, но, ќе се распрашаме однапред, сѐ ќе ѝ се каже, па може и да се најде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од овој одговор на татко ми не разбрав ништо повеќе и ми беше јасно дека ќе морам утре да го дочекам повторното доаѓање на тетка Рајна и неа да ја распрашам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ме распрашаа кој сум, што сум, од каде сум, дознаа сѐ за мене, се сожалија и ми предложија да работам како гробар. Прифатив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во книжарницата на плоштад се распрашав за една од книгите мои необјавени.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Не знаеме каков вид дрво е. Се распрашавме, но никој не знае.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе влезе во пабот, ќе се запознае некако со старецот и ќе се распраша кај него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не постоеше начин да се распраша.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Враќајќи се кон куќичката Пелагија се обидуваше да разјасни зошто дојде Чана, дали да покаже дека е лута што не е повикана на армасот на Деспина, или едноставно да ја потсети на оној дамнешен црн ден што никогаш не се заборава, или навистина сакаше да се распраша како ќе ги носат децата до на школо?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дали да го протресе и да го расони, па веќе буден да го распраша што сонувал?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги видоа работите врз сандакот, ја видоа празната кутија и на неа марките и печатите, не се распрашаа - едноставно знаеја и сфатија дека Димостен е веќе на слобода.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не се задржа во гратчето ни да се види со своите ни да се распраша за патот, уверен дека некако ќе ја искачи угорницата и ќе го дотурка карванот до манастирот; се силеше само денски да стаса.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се распраша за неа и дозна дека е жена на офицер, покрстена Еврејка од Војводина, дека маж ѝ последнава година служи во погранична единица, дека ја посетува на неколку денови во месецот, додека останатото време таа останува сама во куќата.  Шабтај се врати скршен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК