расистички прид.

расистички (прид.)

Првиот апел на едно фашистичко или предфашистичко движење е насочен против дојденците. Така прафашизмот по дефиниција е расистички.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
ЗАКЛУЧОК Во миговите кога општествените граници се мошне реални и кога различните расистички демагози се загрижени да не ги пречекорат разни неповикани раселени и економски затирани индивидуи, се чини популарната култура со своето имагинарно пречекорување на границите како некаква лажна компензација, утеха.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И дискусиите за насилството на јазикот, таканаречениот говор на омразата, јасно докажаа дека едноставниот говорен чин може да содржи најагресивни расистички напади.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Панаѓурското шаренило на „интелектуализирање”, коешто требаше да ја претставува демократијата, брзо, еве, се хомогенизира во една расистичка војна со невидена бруталност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)