ранч м.

ранч (м.)

Одвреме-навреме очите ќе ги здружеа со Ранч кој го носеше откај главата, и пак ќе ги трнеа погледите настрана. Никој ништо не велеше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Трубадурот остана на ранчот. Тука имаше мир, тишина и почит, какви што немаше најдено во бучните кампови на кралевите на добитокот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ќе одам до Фрио Сити денес, и ќе дојавам утре до твојот ранч.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сигурен сум дека ниту еднаш во периодот меѓу единаесеттиот и тринаесеттиот век, барон, трубадур и работник не се споиле толку хармонично како што се случи тоа со нивните паралели таа вечер, на ранчот на стариот Елисон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)