рани (св.)

Одредот се повлече, а од нашата отстапница го ранија десетарот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некој од Гоцевите другари извика: - Ме ранија!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Зар цела куќа ќе ми ја соголиш, зар сите мои рани со земја ќе ги потиснеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Командирот Ксантос го ранија и командата остана на мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Риби ќе ранат со нас, вели Манол Форевски, еве, Драч ни се ближи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Евгенија Милеска ја ранија во десната рака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И само што станав и се иставив, Камбо го ранија во главата, но беше спасен зашто носеше кацига, куршумот само се лизнал и му ја скинал веѓата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми ранија двајца. Некој си пезевенк, мора да е добар нишанџија...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи