рамномерен прид.

рамномерен (прид.)

Се слушаше рамномерно дишење на заспаните бригадирци.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Рамномерното дишење на децата го успокојуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од долниот крај на Рамни Ливади прозвучаа чести рамномерни удари на чекан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Продолжија по дождот што откако почна да врне најсилно што можеше, спуштајќи измаглица секаде околу, се устали во рамномерно истурање.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го засече портокалот озгора. Потоа со точни, рамномерни потези ја издвои лушпата од меснатиот дел.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Низ асфалтот на опустениот Град прелетуваа само рамномерните блесоци на светлечките реклами.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тишина... да речам - дури штама во станот... се слуша само рамномерното чукање на ѕидниот часовник.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одеше со рамномерни чекори - ниту полека, ниту брзо - небаре чекори низ ливада, а не низ училишниот двор - во цветно широко здолниште и бела блуза.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Него го контролираат природните пејсмејкери, кои нормално му осигуруваат рамномерни и правилни отчукувања, но понекогаш тие воопшто не работат како што треба и тогаш наизменично се јавуваат подолги и покуси паузи меѓу отчукувањата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чекорите што доаѓаа откај ходникот, многу тешки и речиси идеално рамномерни, ја одмеруваа должината на ноќта и неизмерливоста на неизвесноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рамномерното чукање на срцето на товарот кон мозокот на носителот не испраќаше никаков импулс кој обично требаше да го има.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чекори лесно, исправена, стројна, бесшумно се доближува до неа со тивок, лесен, рамномерен достоинствен чекор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не се помести да не би да ѝ го обеспокои рамномерното дишење. Милото момиче заспало...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)