раздвојување ср.

раздвојување (ср.)

— Како саморазвивање на самите поими, како логичко раздвојување на единственото, како повторно воспоставување на неговите спротивни страни, појави, особености, итн. — но не како воспоставување на старото единство, туку како нешто ново и на повисок степен подигнато.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Но постмодернизмот, кој не значи дека секој може да оди каде сака и да прави што сака, едноставно подразбира дека не постојат сигурни и брзи начини за раздвојување на добриот од лошиот пат, добри и лоши култури итн. и ова ве враќа кон прашањето за морален избор и одговорноста - тоа ве прави одговорни а многу луѓе токму тоа не го сакаат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Раздвојувањето на сопственото јас од телото е болен процес и болниот очајнички копнее некој да му помогне да ја залеми пукнатината, но тоа раздвојување тој истовремено го користи како основно орудие за одбрана.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сепак, културата се карактеризира не само со споделените вредности и консензуални обрасци на значење, туку и преку раздвојување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За Албер Ками, распнат меѓу медитеранските екстази од детството младоста и пресметките со европската историја, ова раздвојување на животот, го предизвикува чувството на апсурдот, кое ќе ја структурира во сегмент од филозофски систем...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)