просветен прид.

просветен (прид.)

Еден просветен народ може да се срамни со еден умен човек; затоа наш долг е да ги вложиме сите свои сили со своето работење да го просветиме нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
МАНОИЛ: (Станува) Да, таа беше! Слободата! Таа за која англискиот, францускиот, италијанскиот и другите просветени народи пролеаја реки од крв…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
А како умен и разбран човек - просветен работник! - секогаш настојуваше да ги усклади желбите со можностите. Така и овој пат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нагласи дека манастирот отсекогаш бил словенско просветно и културно жариште; дека населението околу манастирот по вера се православни; дека прават целина со крајбрежјето на езерото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
-, дури и кога ќе почне физичкото злоставување, дури и тогаш ќе постои она што се нарекува сингуларитет и отпор, сеедно каде е манипулациското тежиште и сеедно колку дуелот во суштина е нерамноправен, и во двата смисла; повторувам, сметајте го ова како еден залажувачки нацрт- итинерер, како мешаница од траги, како еден пародичен хумор, како, најпосле, симулација на борба, бидејќи тие веќе почнуваат да млатат (синхроно, бидејќи индивидуализмот, пак, за нив, е најстрашното нешто и затоа повеќе ја преферираат снајперската безобличност и тој тип на потпис, егзекутирање од дистанца, речиси без џелат, сѐ во какофонија, метеж и хаос од удари), најдобар пример е проширувањето на кампањата против Сорос кој, сакал- не сакал, можеби неправедно и пренадуено но ете, тоа му го сторија наци-социјалистите од сите бои, од Будимпешта преку Загреб и Београд па сега и во Скопје - стана симбол на просветеност и цивилизираност, едно светленце надеж среде овие страшни ветрометини каде цели класи и нации исчезнуваат преку ноќ, среде целава оваа безнадежност. 6 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имај храброст да се служиш со сопствениот разум!“ Тоа Кант го сметал за лозунг на просветеноста.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тајно таложење на знаење, постепено ширење на просветеноста, на крајот пролетерско востание, соборување на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И во тоа општо стврднување на позициите, што настапи околу 1930-тата, некои постапки што беа одамна напуштени, во одделни случаи и пред стотици години - како затворањето без судење, употребата на воените заробеници како робови, јавните егзекуции, тортурата заради изнудување признанија, употребата на заложници и депортациите на цели народи - не само што станаа повторно вообичаени, туку беа толерирани, па дури и бранети од луѓе кои мислеа за себе дека се просветени и напредни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со цел спречување на активноста на партиските кадри бугарскиот окупатор ги ангажира покрај војската и полицијата и целокупниот административно просветен и друг апарат до тој степен што било многу тешко да се превземе било каква аткивност, а таа да остане неоткриена од власта.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Бил прескап нивниот динамит за да го употребат против грчките просветни институции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие испратиле неколку покани до граѓанството залепени на вратите на црквите и училиштата, со кои агитирале дека, наместо да се расипуваат народни пари за камбанарија, да се реновираат урнатите и стари училишта, а парите за црквата во Цариград да се потрошат за просветни цели.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Вчера го прославија овде св. Трифун А несреќниот Валентин остана в сенка Во просветениот свет најпрвин доаѓа љубовта А потоа опиеноста. Овде пијанството е зачеток На секој зафат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Просветниот кадар, за да им докаже на сесловенските просветители (кои биле од македонска народност, како што пред некој ден нѐ информира една телевизија) колку ги цени, организираше журка.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Се сосредоточува на текстот од интервјуто за „Der Morgen“ кој му се враќа во мислите збор по збор, онака како што го даваше тогаш, пред девет години, имајќи ги пред очите како негови први читатели, татка си, реб Апфелблум, своите ционистички пријатели од Жешов, авторитетните рабини на Берлин, дури и неговите просветени професори од Виена кои во неговото доживување стојат, тројцата, со широко разлистани весници, потчитуваат од неговото интервју, а потоа задоволно фрлаат меѓусебни погледи преку рамките на очилата и цвикерите и задоволно го одобруваат прочитаното...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)