проникнат прид.
проникне св.

проникнат (прид.)

Главната несреќа за Бугарија и за нејзините интереси е не во тоа што има многу партии и не сите ги знаеле арно народните интереси, ами во тоа што Бугарите малку се проникнати со народните интереси, особено со надворешните.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неговите прикаски ги сакам - неуверливи се но течни, смислени, проникнати со искрено верување.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Цврсто вообличената филмска оркестрација проникната е со една богата барокна постапка со примери од европската наративна и ликовна традиција, со кои режисерот оперира како со некакви поединечности и варијации на трагата на еден запрепастувачки механизам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие биле блиски, свртени едни кон други, проникнати едни во други низ разните јазици, различната култура, различните кујни, обичаи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беа постојано проникнати едниот во другиот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Слушавме од радиото во форма на паун албан­ски песни проникнати со ритамот на кинеските најчесто револуционерни песни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секое повнимателно следење на постапките на мојот постар брат го наметнуваше заклучокот дека станува збор за личност длабоко проникната од еден вид неконтролирано перчење, или, да бидам по малку и злочест: перчењето е неразделен дел од неговото неодговорно его.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)