промисли св.
промисла ж.

промисли (св.)

Гледај, промисли ти. Одбери сам. Само нема поблаг леб од оној што се јаде со вакви раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако, со непогрешлива правилност, тие ослободувачки движења најпосле доведуваа до воспоставување на угнетувачки режими тоа е затоа што, следејќи го примерот на германскиот романтизам, меѓучовечките односи ги засновуваа врз мистичкиот модел за стопување а не врз правничкиот образец на уговор: слободата тие ја промислуваа како колективен атрибут, никогаш како индивидуално својство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оваа дефиниција на феминистичкиот субјект како еден повеќекратен, комплексен процес е исто така еден обид да се избегне релативизмот и повторно да се промисли единството на субјектот, без упатување на хуманистичките верувања, без дуалистички спротиставености, поврзувајќи ги, наместо тоа, телото и духот во еден нов тек на себството.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Пред каков било обид за објаснување, мораме да промислиме уште едно зајакнување на таа несфатлива постапка во египетскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Колку во своите промислувања за медиите се надоврзувате на концептите настанати во шеесеттите години?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ние просто избираме еден поинаков, некому неразбирлив заеднички идентитет, кој ниту индивидуалното ниту националното не ги признава како ултимативност, кој им се спротивставува на патолошките еготрипови на поединци, кој впрочем лежи врз трагата на постмодерните промислувања за отуѓеноста и немоќта на поединецот да влијае на процесите околу него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Политичката креација за уметникот е дејност оптоварена со компромиси, лажни ветувања, лажно прикажување на фактите, сомнително делување на план на моралот, лажно претставување на себе си, лажно претставување на опонентите, отсуство на себеиспитување, отсуство на испитување на светот, недостаток на философичност, отсуство на метафизичко промислување, сѐ заедно една голема индивидуална и колективна егоцентричност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Некој ова може да го доживее како деградација на уметноста, но едноставно станува збор за тоа да се „озакони“ теориското промислување и на она што со уживање се консумира.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Седнуваше меѓу нив, божем колку да испуши една цигара, одговараше на нивните прашања коишто не беа многу, но секогаш промислени на рамништето на нивната љубопитност и сигурно насочени кон тоа да дознаат што повеќе за него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имате маестрална меморија на потеклото (и шизмата ви е промислена!) инстинктивна, интуитивна, прецизна недвосмислено втисната во гените мрестењето е обред на жигосување стариот се вбризгува во новиот свет на седумстотини метри под морската површина, јасно е - езерото не ви е доволно длабоко ни за да се оплодите, ни за да умрете!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Бев посебно пленет од страниците на овој филозоф кој ја беше промислил суштината на излезот од балканското варварство!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подробната анализа на оваа суштинска промена на пензискиот систем на Република Македонија излегува од рамките на оваа студија, но ја користиме оваа прилика за да ја искажеме нашата убеденост дека преземањето на оваа реформа и нејзиното вообличување со дадените карактеристики заслужува критички да се промисли и, преку компаративните искуства од останатите земји, да се оцени колку во нејзиното вообличување одигра улога нужноста а колку идеологијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Иако е дело на автор кој по професија е правник, актер и театролог, Календар е резултат на едно културолошко промислување кое открива личност со критичко-есеистички талент и препознатлив уметнички израз.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој, сепак, го купи овој роман, подоцна на голема радост на Татко и оваа книга ќе заземе централно место во книгата за јаничарите во еден рафт од неговата библиотека враќајќи му ја надежта сепак да продолжи да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, доколку вистински во контекстот на книгата го промисли јаничаризмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)