пристемни св.

пристемни (св.)

Цело поле е некако пристемнето, омарничаво, и сѐ некои дипли, дипли запурнина се наднесуваат над тебе и те притискаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лицата од луѓето час се развласуваа во светлината, (небаре грутки шеќер пуштени во чиста вода), а час стануваа јасно пристемнети од тажниот поглед со кој ја испраќаа старицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми удира на очите, ќе ми ги дупне ушите. Почнува и да ми се притемнува. Бљад!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се пристемнуваше. Иако тешко можеше да го слуша од шумот на моторот, странецот се обидуваше да ѝ објасни...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Изгледа им се притемни на сенките од повлекувањето, па наеднаш се повратија и ме зграбија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)