придигне св.

придигне (св.)

- А ако можел? се придигна Петко и му се внесе в лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа бавно се придигна, преправајќи се дека е болна, се довлечка до креденецот, отсече парче леб, го намачка со мармалад и му го подаде на Мирка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се придигна и со мил поглед, низ кој избиваше светлина од неговото чисто, простосрдечно срце, ги гледаше момчињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Онака поместен и растревожен, ме придигнаа па моите стаклени нозе и со заеднички поткрепувачки напори ме пренесоа до првото такси.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)