пресече св.
пресечен прид.

пресече (св.)

Но со тоа не се пресече борбата помеѓу словенството и грцизмот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Освен тоа, на Византија ѝ помагаа да ги држи Македонците во послушност и џадињата или друмиштата што се направени за воени потреби уште од Римјаните и ја пресечуваат Македонија од исток на запад, т.е. од Белото Море кон Јадранот и од југ кон север крај Вардар, т.е. од Белото Море кон Дунавот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со постепеното одделување на македонските интереси од бугарските, со земањето на македонското прашање во свои раце и најпосле, и најмногу со сегашново востание Организацијата како резултат го постигна тоа што не го претпоставуваше: наместо слобода да бараат, сега во Македонија мнозина се убедени дека ни треба полно пресечување на врските со сите балкански народности и култивирање на сѐ што е во Македонија оригинално и свое: јазикот, обичаите, историјата, писменоста, народната литература итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Се опули Румка, се расплака... (Песната бива пресечена од едноличното биење на тапан.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Поарно пресечи ми ја главата отколку мустаќите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Поарно да ја немам, да ја пресечам, кога е испоганета вака!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да ти пресечат нос, јазик, уши, па глава, или да ти дојдат ноќе па да ти го оберат дуќанот, да ти ја запалат куќата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Море што се пречкате тука, дајте ја ваму јас ќе ја пресечам. (Ја грабнува погачата, сече и фрла пред секого по едно парче, а останатото ѝ го дава на Ката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Земи брадва пресечиме, Направиме: на две, на три, Наклаи си силен оган, Да изгорам да прегорам, Да се сторам ситна пепел.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ами сега ќерко, немам повеќе што да зборувам, ми го пресече зборот како со мед, со тоа што рече: „Лошо — арно како што ќе рече мама“. Блазе...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Веле стои на пештера, тој ми вели ем говори: „Ај станујте, мој другари, фашистите сардисаа, сега за нас живот нема, живи ќе нѐ изваќаат“ Сите тогај се пробија, се пробија, куртулија, другар Пецо ни погина – фашистите го фатија, главата му пресекоа, долу село ја снесоа, долу село во Габровник, во Габровник на средсело.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Улав си ти, ме пресече Ана. - Со тебе не може да се зборува.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа го направи и Јовановиот четник Брајан од Жиово, та стана капиданис Брајанис и ги одведе андартите во своето село Жиово да го изгорат, а сам со својата рака му ја пресече главата со секира на својот роден стрико „Бугаринот" Петка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко тргна од пагурчето, Митра напече месо, извади и сирење, море и некоја колбаса пресече во тукот. Јатрва дочекува, не е шега работа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Ристета јазикот беше му отекол, бидејки кога го тепала потерата, му ги скршила вилиците и си го пресекол јазикот, та не можеше да зборува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Луман пак, неколку пати прости и повеќе пати рече дека ќе почека, но кога виде дека Бошко зачестува со такви молби, еден ден го пресече: - Не чекам јас . . .
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нека ти ја пресече главата...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во тоа свое бегање, волчицата не го забележа зајакот што ѝ го пресече патот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Братче, нарачај и за мене. Под другиот закрцка расклатениот стол и го пресече баритонот. - Зошто, ти нем ли си?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сега знам. Во половината на животниот просек смеата може да се пресече в грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе