пресели св.

пресели (св.)

И отишла у девическиј монастир и живеала богоугодно и се преселила ко благодетелиици своеј.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ако се довериме на првата теорија, т.е. дека Бугарите и Србо-Хрватите се преселија на Балканскиот Полуостров како готови одделни целини, тогаш се поставува прашањето до каде се простираа тие народности во времето на преселувањето и дали сите дојдени бугарски Словени останаа и досега такви или некој дел од нив се посрбија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
71. Бурите се некогашни холандиски доселеници во Јужна Африка, кои по незадоволствата од англиската управа во 1831-1835 год. се преселуваат во Трансвал и Оранж и образуваат свои републики.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
131. Други историчари, особено лингвисти /јазикознајци/ тврдат оти сите јужни Словени во времето на своето преселување на Балканскиот Полуостров зборувале на разни дијалекти /наречја/ од еден јазик и сите се викале со едно општо име: Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја остави јамата и се пресели во нејзината куќа. Тоа беше црковно врзана двојка што уживаше во златниот заб на жената и жолтите чевли на мажот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Брат ми е болен од офтика. Штом ќе умре, стрико ви ќе се пресели во неговата куќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но кога виде дека Крчо заради неа ја остави татковата куќа и се пресели кај сестра си, уште толку го засака и се ослободи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го примнаа во пансионот и уште истата вечер со покривчето на рамо се пресели од Жиовчеви во Влашкиот ан. Му олесни на душичката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кладе нов кадија на прилепскиот кадилак, но стариот не можеше да му го доведе на везирот, бидејќи и овој, како и силниот Сулејман, беше се преселил кај големиот пророк уште зимата, кога затворениците лежеа во Цариградскиот затвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така и направи. Се пресели и остана да живее во гнездото.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Откога дојдоа партизаните. Тогаш се пресели овде со синот. Се затвори меѓу ѕидовите, во одаите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека тие се инателе огнот отпатувал, се преселил кај соседите!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога сакавме да се преселиме во земја онокрајна Утрината надојде глас: О, жено Што остана на север Неподвижна како лузна, како костур, Каде си пеејќи Допрена на ѕид Да ми ја исцелиш раната На душава што ми ја остави?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Од некаде пресели во градината и полжави, кои секое росно утро ткаеја сребрени ленти по зелената трева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И глас надоаѓа од оној ист рид од кај што сакав да те преселам во земја онокрајна во миг светлина кога ме осветли јарка Ти, таму на север, неподвижна како лузна, како костур, а јас – на твојот југ кружам од рид на рид, од брег на брег жив во дамнината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Буба Мара си соши нов фустан. Ежот се пресели во нов стан.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А бидејќи тоа беше ден на преселувања Народи доаѓаа од кај морето оставајќи го само та жестоко рикање ги прогонуваше и страв.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Како да се преселило во некоја чудесна сказна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И замолкнаа старецот и детето, се преселија за малку во мислите во тој иден, убав летен ден, кога планината ќе биде најубава, кога ќе биде украсена со сите бои на ѕуницата, озвучена од грлата на сите птици и позлатена со сончевина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан се пресели со мислите в село, во топлата светла соба на татковиот дом, па наеднаш почувствува дека очите му се навлажнуваат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе