прерипне св.

прерипне (св.)

Долгиот се заморуваше од прерипнување па фати да се сопина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Долгиот прерипнуваше некакви суви предмети од кои се сопинаа двајцата по него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неколку недели чекаа да дојде некој од властите од Тополчани, од Прилеп, или од Битола и да се заинтересира за бомбата, но кога се пронесоа гласови дека овчарите, а и некои од дечиштата, оделе таму и ја прерипнувале со стап, или без него, се уплашија да не се стори некоја пакост, па ги одредија Крстета Јанчески, кој во Второ бугарско стана кмет на Потковицата, Најда Акиноски и Ѓорета Дамчески, кој од помладите луѓе изби во прв ред, да отидат во Тополчани, а ако не успеат таму во Прилеп, ако не успеат и таму во Битола, и да бараат да дојде некој оттаму и да ја растури бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Максим ја отвора вратата, Влези му вели на Васила и додека држејќи ја вратата отворена чека да ги избрише Васил опинците првин од штиците на чардакот потоа и од чергичето пред прагот на одајата, пред него пред Васила во одајата, прерипнувајќи го прагот, влегува Караман.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сопнувајќи се на труповите на домородците и на своите или прерипнувајќи ги, сите со некакви грпки на замор врз тилот, Турците надоаѓале од сите страни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во лозјето, по стар навик, прошета прво околу, да види да не прерипнал некој преку жицата да краде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)