препира несв.

препира (несв.)

Отидовме кај професорот Хамилтон и се препиравме со него.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Следната зима некој ја откри Ерика Јонг. Се поднасмевна кога се сети колку само жестоко се препираа за можноста на постоење на љубов без добар секс.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
2. Додека ѕидарите, мајстор Хусеин и мајстор Абдула, го редеа скелето за минарето и патем се препираа за неговата височина, ибн Бајко веќе убаво се смести во чифликот на село Бразда, што му беше доделен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Што му требаше да се препира со Боцета за свештени работи?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Работната атмосфера беше сосема в ред – вработените немаа поплаки ниту, пак, некакви меѓусебни препирања или нетрпеливости.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)