прагма (ж.)

Прагмата морала да не му даде простор на правото на Македонците за нивно обединување, пред сѐ затоа што на Еванс му биле познати ставовите на Грците спрема Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога луѓето би почнале да се разбираат, многу институции и прагми ќе заминат во историјата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овој руски став тие го темелеле врз основа на историската прагма.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)