поубав прид.

поубав (прид.)

По таа причина поубави му се чинат на човека речиси само оние наречја и говори што ги слуша тој или ги има слушано почесто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми се бендисуваш. Тоа си беше поубаво. Немаше тогаш ни мерници, мелници, како ли се викаат?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: Е, така е. Туку кај кумот ќе имаме и појако вино, и сѐ поубаво: и пилиња, и јагниња, и прасиња.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уште поубаво: ништо не се кршеше, ништо не се пустеше и поубав ќејф се правеше.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Си живеевме си ја работевме земјата и се надевавме на поубав живот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Сето тоа — поубаво кај света богородица!“ си вели Илко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А од тоа девојче в село ни поубаво, ни поумно, нити подобра пак куќа и фамилија нема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Мухамеда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во одајата единаесет млади жени, која од која помлада, поубава и погиздаво облечени, наконтени, набелени, нацрвени по ориенталски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Аман, само со дикат да не се докачат... - почна сега и Панде растревожено, за да не се расипе нешто од целата работа, која му се чинеше поубава и од најубав сон...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дедо Спасе знае многу, многу приказни. И сите тие се која од која поубави.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ти ќе ми го нацрташ поубаво.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Момата беше многу убава - но уште поубави беа чувствата, што таа ги лееше низ играта...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пред очите му играше езерото, како да беше големо, бескрајно платно по кое друг, невидлив сликар постојано поминува со својата четка, му ги менува боите и дава сѐ понови и поубави тонови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога ѝ ја скина долгата рачка, црешата стана тркалезна црвена џамлија, поубава од сите што ги беше видел дотогаш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И стрико му му донел балон. О, син балон! Уште поубав од жолтиот што му пукна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Светлите и големи очи и црните мустачиња, го правеа уште поубав.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Е, де! Не грижи се! Нека е жив народот, поубави куќи ќе направи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Дојдов пак по дрва - одговори Трајче. - Денеска треба да наберам поубави и посуви дрва.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе