потпирач м.

потпирач (м.)

И пак Претседателот, кој не можеше да го најде оној прост, едноставен потпирач во разговорите со него, оној човечки јазик за неколкуте недоградени павилјони на нивното здружно летувалиште, она дека градежната бригада ги доберуваше последните чкорки дрво, поминато под бичкија, оној толку разбирлив говор за работата, џбонаше нешто наоколу со мислите, рече нешто дури и за пролетаријатот, за авангардата и за местото на работното селанство во сето тоа, сѐ додека не се заплетка во своите високи реченици од весниците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И заблест полв и пригушени пуканки и лов. И стап - потпирач како голф палка и заблесто топче.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Татко ми во неделите приватно го практикува својот занает крај неа оти во чело на ѕидот има големо огледало, а и заради посебната столица, дрвена се разбира, која повеќе наликчува на берберска фотелја отколку на столица: широка, со дрвени потпирачи за рацете и задна потпорка во која убаво легнува грбот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Оставете го патентот самиот да се справува со предизвиканата непријатност, објаснуваше Катерина додека го сместуваше здолништето на потпирачот на столот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Здолништето, она што не ѝ досегаше на Катерина ниту до колената и од кое добар дел од нејзините нозе остануваше незгрижен од туѓите погледи, особено кога ќе седнеше, го немаше виснато на ниту еден од потпирачите на столовите ниту пак на кваките од прозорците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Момче, да те прашам нешто: ти со шо се занимаваш? Шо работиш?“ праша газда Таки заинтересирано, но со извесна леснотија и ноншалантност во гласот, префрлајќи го десниот лакт позади потпирачот од столицата на која седеше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи