поклади само мн.

поклади (само мн.)

Ѓузепе носеше бакенбарди и долги мустаци и кратко потстрижена коса, а природата беше го нагрдила и со црвена коса, и целата глава изгледаше како црвена маска на велики поклади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Проштени поклади, кога се запостува за Велигден, Григор ми рече: - Вечерва останете, ќе ми бидете гости.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вечерва се Проштени поклади, вели, почнуваат Големи пости и не ве пуштам така. И ние тргнуваме по Григора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Прав е Онисифор Проказник, браќа. И дење и ноќе сме на исто место. Ни до идните Поклади не ќе стасаме до Лесново.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)