покајник м.

покајник (м.)

„Да не се чувствувам себеси, својата мисла на покајник, лажливец и малодушник!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од друга страна, Рада сакаше да го пронајде покајникот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)