поканет прид.

поканет (прид.)

Затоа и не е чудно што на прво место меѓу поканетите за соработка во сп. „Вардар“ го поставува својот професор Лавров, кој во 1902 год. го имаше оставено Мисиркова на својата катедра за постдипломски (славистички) студии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во полукруг пред поканетите наредени се девојки со долги бели копринети облеки облечени на голо, боси, со косите распуштени, со рацете раширени и сите во цутот на првата младост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сепак, Picasso не беше поканет на забавата кај Guggenheim.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беше поканет на Утринската ТВ програма, но таму го интервјуираа заедно со двајца нажалени родители, кои беа убедени дека нивниот син се самоубил затоа што користел Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Хикмет-бег, директор на политичките работи на Вилаетот, одговорен по протоколот, ги дочекувал поканетите лица и на секого му го покажувал определеното место за седење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Птицата се сврте кон него, го фокусира шашливиот поглед преку нишанот на својот клун право во неговата глава, па кресна нешто просто и пцостно, го напрчи ветрилото на опашот и навистина одлета, ама не како избркана туку како поканета.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бев поканет од старешинството на Гупешкиот манастир по повод денот Преображение Христово.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сиот град беше поканет на карневалската ноќ во Гнездо, и пространиот парк беше претесен да ги прими сите кои сакаа да дојдат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако на подготвителното рочиште не дојде тужениот кој уредно е поканет и не го оправда своето отсуство, а не постојат услови за донесување на „пресуда поради изостанок“ (в. подолу), судот ќе расправа со присутната странка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А ние, другарите од нејзиното довчерашно работно опкружување, уредно поканети, наполнивме една цела маса, заедно со едно американско семејство, кое, замислете, веќе со години живее и работи во нашата земја, со 4 деца, од кои 3 беа присутни, па и ората наши ги знаат, па нема-нема, оп на оро.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)