поединец м.

поединец (м.)

Секој од беговите – поединци имаше по чифлизите свои луѓе: ќаи, буљукбашии, сејмени, гавази, чауши, и којзнае уште колку други ушаци, маѓери, арамбаши, субаши, кои ја составуваа неговата лична одбрана и сила, со која ги држеа во покорност сите христијани по своите чифлизи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Маса народ тргната од некаде за некаде, се движи како несопирлив бран украсен со разнобојни транспаренти што поединци ги носат кренати високо над главите, со знамиња што се веат над нивните глави, со извици што се креваат до небото и со барање на кое мора да се излезе во пресрет.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Според тоа, заблуда е дека некреативни и неталентирани поединци можат, под дирекно влијание на дрога, на чудесен начин да се трансформираат во творци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сѐ на сѐ, бројот на уживателите веројатно би пораснал, иако, многу веројатно, не многу; а ова најмногу би се должело на тоа што поединци повремено би пробале дрога, што не претставува сериозен проблем доколку не постои кривична одговорност и црн пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поконкретно, „идеологијата е против многустраноста на животот на поединецот, а за оној поединец како што таа ќе го определи“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според мислењето на Ханс Ајзенк (Psycology of Politics, London, 1954), еден од првите кој сериозно се занимавал со истражувањата за вредносните ориентации и политичките определби, втората димензија ја претставува проекцијата на особините на личноста на поединецот врз областа на социјалните случувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И, иако опсегот на овие можности за доживување кај секој поединец е различен и ограничен, сепак психоделичното доживување им отвора нови психолошки видици и огромни можности за креативни рекомбинации и дескрипции во уметничка форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако рационалното објаснување не мора да биде она вистинското, туку само едно можно, плаузибилно објаснување, тогаш, “повикувањето на идеологијата при поединечните или заедничките (идеолошки) акции не може да биде валиден доказ за причинско-последичната врска меѓу идеологијата (идеолошкото знаење) и (идеолошката) акција на поединецот”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секој период во историјата произвел име и херојска легенда за моќниот, упорен, креативен поединец што ги испитува новите граници, собира и донесува нови информации и се наметнува како водич низ генскиот пул* до следното ниво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со таков облик на перформанс, каде што се воспоставува дијалог на машината и телото кое што со својата згустена и со машините забрзана и напоена енергија е иницирано од третата механичка рака, Stelarc на експлицитен, демонстративен и стилизиран начин произведува ефекти коишто експлицитно и самостојно го следат секојдневието на голем број поединци вклучени во продукцискиот и репродуктивниот живот на постиндустриското општество.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Значи дека прометот на интеркомуникацискиот хардвер и софтвер за домашна забава на поединецот ќе биде далеку поголем од прометот со хардвер и софтвер за претпријатија и организации.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Милиони во хор го величаат поединецот во себе. Нудат секому услуги.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Секој поединец, којшто е способен да ја употребува својата глава, е поважен од дузина одбори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Оттука не ни е веќе тешко да заклучиме дека во овие филмови вистинскиот трагичен јунак е остарениот, галантен, но „виновен”, „негативен” татковски лик - мора до крај да бидеме заслепени со холивудската идеологија (што Хичкок тука успешно ја минира), ако не забележиме дека и Дописникот и Озлогласената се изградени на контрастот меѓу „негативниот јунак”, кој е во суштина единствената човечки привлечна личност, и „позитивниот јунак”, кој е сосема банален лик - а во тој контраст секако не ни е тешко да ги препознаеме спротивностите меѓу поединецот на „автономната” етика и „хетерономниот”, „кон другите насочен” поединец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Религиозно настроените отсекогаш овие поединци ги нарекувале еретици.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со инвестирањето на уметничкиот код (авторство, избор, реткост, иновативност, естети­чност, инсценација) уметникот доволно уверливо ги демонстрира облиците на приклученост на денешниот поединец кон виртуелните машини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На крајот на краиштата технологијата доаѓа во рацете на поединецот и тука се и парите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако одговорот на прашањево е одречен, тоа значи дека егоизмот и идентитетот се разрешуваат во претставата на поединецот што постои само на начин да го порекнува ближниот свој.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И целата историја на психоанализата се занимава со разоткривање на механизмите што го наведуваат поединецот кон патот на автодеструкција.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од оваа разноликост (што на секој поединец му определува соодветни задачи) можеме да бараме само тоа да се оствари во такви облици што секоја од нив ќе придонесе кон најголемата благородност на другите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе