подрече св.

подрече (св.)

- Ја, - подрече Чакарвелика, го пристутка плеталото во скутот и не кревајќи ја главата кон нив си рече во градите: - Убаво сте смислиле, деца, ама вие дома не ќе можете да се вратите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе подречеше: - Мало ми изгледа некако прасево...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Кој ти брани гумно да направиш, ако немаш друга работа, - му подрече дедо ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- О, бре, пусти Петре, лошо да немаш, - подрече баба ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Од кучето на комшијата! – му вели и како што му подрече така исчезна лизуркото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Некој ќе му подрече некој лицемерен збор и ќе го покрие со него пред да го покрие со земја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Си го гледа тој прерано остарен двојник во огледалото со кој ќе си подрече нешто за да ја разбие тишината, да не заборави да зборува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Добро ја тераш прикаската“, охрабрувачки му подрече авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И овој пат ѝ подреков нешто двосмислено. Нешто во врска со складноста на фигурата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Му подреков дека животот многу ги цени скривалките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или сепак ќе подрече дека станува збор „само уште за една од неговите убави слабости!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вечерта кога печевме класја тој ми подрече дека се плаши оти неговото присуство можеби ми пречело.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го научи дури да му подрече дека Стојан се слизнал вчера на корупка од тиква и лошо паднал, а самиот излезе уште рано, гледајќи да не се сретне со дедо Ивана.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стојан Христов ја начна, ја подрече а други по него ја дорекоа темата на македонската дијаспора и македонската дезинтеграција.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Некој од селаните, алудирајќи на нејзината убавина се осмелил дури и да подрече дека е многу вистинит оној збор, оти убавината куќа не крепи, ама сите сакаат да ја имаат под свое.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неслучајно мајка ѝ нејзе ѝ подрече дека вечерва ќе дојдат стројници.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Хм, вторпат вечерва си подрече тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јас уште кога те видов, нешто каќо да ми шепна на yво, како да му подрече на моето срце: глеј – пази, оваа женичка сигурно е мајка на Ташко, ама не можев да те прашам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)