подзасили св.

подзасили (св.)

Тие уште повеќе му ја подзасилуваа мислата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таквото нејзино однесување пројавено пред заминувањето на збегот, пред разделбата со Добра и Чана, сега, по закопот на старецот е подзасилено и од една внатрешна, органска промена.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Татко го поведе Игора Лозински во својата библиотека во која светеше жолтата ламба. Ја подзасили светлината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Надвор дождот се подзасили за малку. Зашуме во гранките и пак запре.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бурниот живот, секојдневната напнатост во создавањето на државата, во нејзиното одржување, ги беа оставиле длабоките траги, но ја беа подзасилиле, можеби до патолошки димензии, опсесијата на владеењето, неговото верување во неприкосновено месијанство...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)