подвоен прид.

подвоен (прид.)

Одлучете меѓу нас. Не сакам подвоени ученици. И соработници.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
пречувствителното п или по суровите пресметки носталгијата дури и подвоена преминува преку правата * песочната птица прелетува по писокот пиу пиу...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Можеби токму тоа ја привлече. Таа неповратна двојност на неговата природа, толку посупериорна од нејзината подвоеност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас сум подвоена личност, сè гледам во удвоени слики, јас сум куќа што ја населуваат паралелни светови, во мојата глава сè постои симултано.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Тој лом со природата е на страната на жената, а присилната активност на мажот во крајна консеквенца не е ништо друго туку подвоен обид трауматската дупка од тој расцеп одново да се затне.” (Славој Жижек) Антигона, значи, а не фантазмот на библиски пророк, е вистинскиот узор за модерната интелектуалност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
(..) Да не мислиш на подвоеноста на ликовите, на нивната колебливост, кршливост, несигурност...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)