повали св.

повали (св.)

Нека ти се живи зетот и снаата, да се повалиш со ниј!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од тој ден потемне, се џбуноса, се урниса песјото место. Се повали вратата, гредите мувлосаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Знаев дека и злото како и мачката, никогаш не ќе го повалиш на грб.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во селото Сушица, слегоа со некои луѓе кон манастирот свети Димитрија, крај кого шумолеше брза река, носејќи тревишта и искршени гранки од снеговите што ги беа повалиле таа зима дрвјата и грмушките од шип и бозел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)